На почетокот на состанокот во Белата куќа, на српскиот претседател Александар Вучиќ му бил врачен документ со кој Србија денеска треба да го признае Косово, неофицијално дознава Б92.

– Сѐ е подготвено однапред, Албанците сѐ знаеле – вели извор за „Блиц“ од дипломатски кругови во Вашингтон.

Вучиќ пред почетокот на разговорите со претставниците на Приштина во Белата куќа, од Вашингтон порача дека ќе даде се од себе за да се постигне компромис за важни економски прашања, а на албанските претставници од Косово и Метохија, кои зборуваат за признавање на Косово, им порача дека „предавањето не е опција“.

Тој нагласи дека нема да биде лесен состанокот за Србија.