Балканските лидери вчера учествуваа на Бледски стратегиски форум, кој се одржува во Словенија, а фокусот на учесниците беше ставен на иднината на Европа и нејзината отпорност на предизвици. На годинашниот форум во Словенија, во преостанатите панели учествуваа и многу други шефови на држави и влади од регионот и пошироко од Европа, официјални највисоки претставници на институциите на ЕУ, како и на повеќе меѓународни организации и аналитички центри. Четирите главни теми на конференцијата ќе бидат иднината на Европа, трансатлантските односи, развојот и дигитализацијата и дека дискусијата за трансатлантските односи ќе биде обележана со настани во Авганистан, а разговорите за развојот на државата ќе бидат поврзани со борбата против климатските промени.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на вчерашниот Бледски безбедносен форум изјави дека Белград е посветен на европскиот пат, но дека ентузијазмот за влез во Европската Унија е намален во земјите од Западен Балкан.
Работиме со нашите соседи на приближување и градење мир и безбедност во регионот, оцени Вучиќ, истакнувајќи дека на ЕУ по брегзит ѝ треба проширување, но дека Унијата не ја гледа поголемата слика.