Грчките власти соопштија дека ја откриле најголемата нелегална плантажа со канабис во земјата во градот Кардица, објави „Катимерини“.

Во полициската акција бил уапсен 44-годишен маж, а обвинение е покренато и против негов 24-годишен соучесник.

Полицијата од плантажата искорнала и запленила 10.500 стебла канабис со висина од 0,3 до 1,7 метри.