Босна и Херцеговина

Во ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина досега се потврдени 1.129 случаи на лица заразени со коронавирусот, а починале 74 отсто, што е стапка на смртност од 6,5 отсто и е најголем во споредба со земјите од регионот. Бројот на оздравени пациенти изнесува 462.

– Не може да се каже дека стапката на смртност од коронавирусот во РС има врска со протоколите за лекување во болниците. Сметам дека треба да продолжиме со насоките по кои ги лекуваме заболените лица – изјави Ален Шераниќ, министер за здравство во РС, на прашањето на новинарите дали стапката на починати, која е највисока во регионот, има поврзаност со начините на лекување.

Стапката на смртност се пресметува во однос со бројот на заразени лица. Не може со сигурност да се каже колкав е бројот на заразените. Поради тоа ќе се направат истражувања за да се добијат подоверливи резултати, пренесува „Српскаинфо“.