Турското Јавно обвинителство нареди апсење на 71 лице, од кои 61 офицери и војници, под сомнеж за поврзаност со мрежата на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека е организатор на обидот за државен удар во јули 2016 година .

Акциите за апсење се спроведуваат во 23 области ширум Турција, а повеќе од половина од осомничените веќе се уапсени. 

Уапсените офицери се припадници на трите рода на Вооружените сили на Турција, како и на турската жандармерија.