СЛОВЕНИЈА

Словенечките власти издале речиси 14.000 налози за карантин за време на првиот бран на коронавирусот од 12 до 31 мај, а казните за кршење на правилата за самоизолација и карантин надминале 100.000 евра.
Извештајот, усвоен од Владата за периодот на епидемијата на ковид-19, кој формално завршил на 31 мај, покажува дека здравствените инспектори имаат процесирано повеќе од 1.500 пријавени случаи на прекршувања на владините правила за самоизолација и наредби од Министерот за здравство.

Полицијата испратила вкупно 13.992 барања за карантин до Националниот институт за јавно здравје, од кои повеќето биле државјани на Босна и Херцеговина (6.439) и на Словенија (4.731).
Полицијата извршила 189.475 инспекции поради забрана за собирање и движење, постапувајќи по 2.534 пријавени случаи и утврдила прекршувања во 8.458 случаи.
Полицијата не утврдила ниту еден случај на кривично дело пренесување заразна болест.