Европската банка за обнова и развој обезбеди средства од 1,5 милијарда евра за финансирање проекти на Западен Балкан, од кои 700 милиони евра се наменети за Србија, изјави Жужана Харгитаи, регионална директорка на ЕБРД.
– Се обврзавме за ново финансирање од 830 милиони евра за цел ЗБ. Нашиот фокус ќе биде поддршка на мали и на средни претпријатија, а за фирмите во Србија се обезбедени 370 милиони евра – изјави Харгитаи за „Танјуг“.
Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, за денеска најави објавување финансиски пакет за проширување и економски инвестициски план за Западен Балкан, што ќе биде претставен пред Одборот за надворешна политика на Европскиот парламент.
Шефицата на канцеларијата на ЕБРД, Мануела Несел, најави и поттикнување на идејата за формирање мини-шенген, која ќе придонесе за економска интеграција на регионот.
– Оваа иницијатива ќе создаде поголем економски простор, а со тоа и повеќе можности за инвеститорите, претпријатијата и работниците од сите земји во регионот, како и за другите земји – изјави Несел за „Независне новине“.