Во земјите од балканскиот регион постојат значајни разлики во развиеноста на мрежата на автопатиштата. Хрватска има повеќе од 1.300 километри автопат, а Црна Гора го чека својот прв километар. Словенија, според должината на изграден автопат на површина квадратен километар, води со 34,1 метри автопат, На второ место е Хрватска, со 23,2 метри, па Косово со 15,6 метри на квадратен километар. Србија, која е најголема според површината, има 12,4 метри автопат, Македонија 9,4, а Босна и Херцеговина има четири метри на квадратен километар.


Хрватска

1.313,8 км вкупна должина на автопат
Најинтензивен период на изградба бил од 2000 до 2010 година

Србија

962,34 километри автопатишта во функција
Во тек е изградба на нови делници: Белград – Сараево, од Рума до Шабац, а потпишан договор за првата делница од Ниш до Приштина

Словенија

692 километри автопат
Површината на автопатишта е над просекот во Европа

Македонија

242 км автопат
Се гради делницата Кичево – Охрид, изградбата на автопатот Скопје – Приштина почнува во 2020 година

Босна и Херцеговина

208 километри автопат
102 км во Федерацијата БиХ и 106 км во Република Српска

Косово

170 километри автопат
Во изградба е автопатот во должина од 47,1 километар на коридорот исток-запад меѓу Гнилане, Приштина и Каменица

Црна Гора

Во изградба е автопатот Бар – Бољаре во должина од 164 километри, кој ќе поминува низ 42 тунели и 92 моста и вијадукти