Состојбата на Моника Каримановиќ е стабилна, соопшти утринава директорот на Клиничкиот центар во Ниш, докторот Зоран Радовановиќ, пренесуваат српските медиуми. Девојчето беше пронајдено вчера, 10 дена откако беше киднапирано од Нинослав Јовановиќ, т.н. Малчански бербер.

– По анализите кои беа извршени во текот на ноќта, по консултации со психолог, можеме да кажеме дека состојбата на Моника е стабилна – изјави Радовановиќ.

Тој додава дека најважно е што на Моника ѝ се вратила насмевката. Радовановиќ посочи дека психолозите треба да одлучат колку време девојчето ќе остане во болница.

Потрагата по силувачот Нинослав Јовановиќ, за кој постои сомневање дека се уште е во околината на Ниш, и натаму продолжува.