Канцеларијата на Европската Унија (ЕУ) во Косово објави дека Косово ги исполнило сите услови за визна либерализација и иако земјите-членки на ЕУ ја носат конечната одлука, високата претставничка Федерико Могерини на состанокот во Хелсинки рече дека е време да се донесе одлука за укинување на визите за косовските граѓани, пренесува Зери.

Во исто време, според ЕУ, важно е Косово да покаже континуирани напори во почитување на владеењето на правото, контролата на миграцијата и безбедноста.