Лидерите на ЕУ треба да гледаат на иднината на Балканот во ЕУ како на приоритет за својот економски просперитет, безбедноста на регионот и целата Унија, истакна шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини пред почетокот на Самитот на лидерите на ЕУ во Сибиу.

Могерини во Романија пристигна директно од лидерскиот состанок на процесот „Брдо-Бриони“ во Тирана.

-Ви носам порака од Тирана. Поддршката за ЕУ е околу 90 отсто. Тоа е капитал кој мораме да го зачуваме во иднина- истакна Могерини.

Додаде дека Унијата мора да се посвети кон јакнење на својата глобална улога, во моменти кога на светот му е потребно лидерството на ЕУ околу многу различни прашања.