Шефицата на европската дипломатија во заминување, Федерика Могерини, во вторник ќе организира работна вечера со лидерите од Западен Балкан, дознава агенцијата „Танјуг“ од извори во Брисел.

Работната вечера ќе биде организирана во Брисел и поканети се лидерите на сите шест земји партнери од Западен Балкан, соопштиле од Европската комисија.

Според оваа најава, на средбата би требало да присуствуваат претставници од државниот врв на Македонија, Албанија, БиХ, Хрватска, Црна Гора и Србија.