Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, за утре свика состанок на највисоките претставници на службите за безбедност, каде што главна тема ќе биде зголемениот прилив на мигранти на источните грчки острови во Егејското Море.

Одлуката за свикување на состанокот доаѓа неколку часа по објавувањето од страна на властите и хуманитарните групи дека стотици мигранти пристигнале на островот Лезбос, пренесува агенцијата „АП“.

На овој остров пристигнаа 13 бродови со 546 бегалци, објави претходно грчката агенција АНА-МПА.

Мигрантите биле забележани од грчката крајбрежна служба во северниот дел на островот.