Новиот грчки премиер, Киријакос Мицотакис, ги повика своите пратеници во грчкиот парламент напорно да работат, секојдневно да се борат против популизмот и старата традиција на политички клиентилизам, пренесе грчкиот весник „Катимерини“.

На првата седница на грчкиот парламент, по положувањето на заклетвата, грчкиот премиер Мицотакис на парламентарната група на неговата партија, Нова демократија, ѝ порача повеќе да прави, а помалку да зборува.