Српската вицепремиерка Зорана Михајловиќ, по повод падот на Србија од 43-то место на 48-то место во најновиот извештај на „Дуинг бизнис 2019“ на Светска банка, изјави дека Србија и покрај намалениот рејтинг се уште е најдобра меѓу земјите од регионот, веднаш по Македонија.

Во извештајот „Дуинг бизнис 2019“ Македонија е на 10-то место на листата и е највиско рангирана од државите во регионот. Словенија е 40-та, Косово 44, Србија 48, Црна Гора 50, Хрватска 58, Бугарија 59, Албанија 63, Грција 72, а Босна и Херцеговина 89.

– Можеме да направиме повеќе и подобро и треба да бидеме побрзи и поефикасни – изјави Зорана Михајловиќ на конференцијата „Дигитална трансформација и зајакнување на конкурентноста” во Белград.

Таа нагласи дека целта на Србија е следната година да биде меѓу првите 30 на листата на „Дуинг бизнис 2019“ на Светската банка.