Почина митрополитот црногорскo-приморски Амфилохије, потврди митрополиjата на својата интернет-страница.

– Во петок, на 30 октомври 2020 година во 8 часот и 20 минути наутро, во Клиничкиот болнички центар на Црна Гора, по приемот на Светата тајна причест, се упокои Архиепископот Цетињски, митрополит црногорско-приморски и Егзарх на светиот престол на Пеќ, г. Амфилохије – објавено е на интернет-страницата.

– Јавноста наскоро ќе биде информирана за сите други детали во врска со погребот на митрополитот. Вечнаја памјат и Царството Небесно – се вели во соопштението.

Mитрополитот Амфилохије (82), од 6 октомври беше на болничко лекување поради тешкотии предизвикани од коронавирусот.

Вчера медиумите јавија дека неговата здравствена состојба се влошила односно дека дишел тешко и чувствувал болка во градите.