Создавањето специјална економска зона меѓу Белград и Приштина, по примерот на кинескиот град Шенжен, која е форсирана во 1980 година во близината на Хонгконг, е идејата на Вашингтон за одмрзнување на преговорите меѓу Србија и Косово, што требаше да биде презентирана од Ричард Гренел, на претходно најавената средба на претставниците на двете преговарачки страни најавена за 27 јуни.
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп има подготвено прецизен план за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, што во првата фаза опфаќа постигнување низа економски договори, а во втората фаза ќе бидат политичките прашања, што ќе ги води претставникот на Европската Унија.

Гренеловиот „мини-шенген“ практично би подразбирало постигнување договор меѓу двете страни со кои ќе бидат отстранети сите царински и други бариери за проток на стоки, луѓе и услуги, со значителна финансиска помош од САД и од ЕУ. Формирањето специјална економска зона на Балканот, по моделот на Шенжен, не претставува никаква економска унија на две држави, туку територија во рамките на националните граници на една држава, а на која се воспоставува деловни и трговски правила различни од односите на другите земји, пренесува белградски „Вечерње новости“.
Тешко е да се повлече паралела помеѓу она што го предлага американскиот претставник за Косово, Ричард Гренел, и специјалните економски зони во Шенжен, затоа што изјавата на Гренел не укажува на тоа која зона би била и на кои темели би се засновала, вели долгогодишниот дописник на „Танјуг“, Милорад Денда. Денда истакнува дека не е јасно на што мислел Гренел – „мини-шенжен“ или „мини-шенген“, но ако тој мислел на „мини-шенжен“, не е јасно која територија би ја формирала посебната зона помеѓу Србија и Косово и Метохија – дали тоа би биле Косово, Косово и Србија или целиот Балкан, вели Денда.

– Она што може да се примени тука се искуствата при привлекување странски капитал, заедничкото вложување, интегрирање на економијата врз принципите врз кои се интегрираат кинеската и странската економија и Шенжен – објаснува Денда.
Поради непознатото која територија би се формирала како посебна економска зона, тешко е да се дефинира и интерпретира изјавата на Гренел додека не се знаат деталите, објаснува Денда.