Најмалку 12 луѓе загинаа, а 20 се повредени кога минибус со мигранти се превртел и се запалил синоќа во источна Турција.

Возилото паднало во ров во близина на градот Јумакли во провинцијата Ван, на границата со Иран.

Мигрантите, повеќето од Иран, Авганистан и Пакистан, редовно преминуваат од Иран во Турција пеш, а потоа ги превезуваат во градовите, главно во Истанбул и Анкара.

Континуираното повлекување на американски и на НАТО војници од Авганистан дополнително ги охрабри младите да ја напуштат таа земја.