Денес пред посетата на Косово, австрискиот канцелар Себастијан Курц за време на одвоените средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и српската премиерката Ана Брнабиќ соопшти дека приемот на Србија во ЕУ е возможен само доколку Белград и Приштина постигнат меѓусебен договор за Косово. Курц ги повика граѓаните на Србија да ги подржат политичарите кои размислуваат во таа насока, но воедно соопшти дека Србија никогаш нема да стане членка на ЕУ додека не ја признае независноста на Косово.

Белград  е разочаран бидејќи Курц по разговорите со косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Австрија ќе го подржи членството на Косово во Интерпол. Изјавата на Курц пристигна во период кога српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ е во голема кампања за лобирање кај земјите членки на ЕУ да не го прифатат членството на Косово во Интерпол. А единствена вест што го охрабри Вучиќ е пораката на Курц до косовските васти дека Австрија е загрижена од формирањето на косовската војска.

За охрабрување на двете страни Курц изјави дека „минатото треба да остане минато“ и дека е време да се размислува за „поуспешна иднина“, на што Вучиќ изјави дека „неопходно е компромисно решение меѓу Белград и Приштина“, но воедно предупреди дека 60 отсто од луѓето во Србија се противат на договорот со Албанците“.