Дубровник денеска го пречека милионитиот посетител за оваа година – Британката Нејла Парсон, која во хрватскиот град престојува со својот сопруг. Локалните власти очекуваат дека до крајот на годината градот ќе го посетат приближно исто туристи како лани – 1,3 милиони.

Нејла ја купила влезницата денеска наутро, што е четири дена подоцна од лани. Таа е на меден месец со сопругот, а во Дубровник ќе останат два дена. Локалните власти ѝ подариле сувенири, цвеќе и шише сортно вино.

– Навистина сум изненадена. Во прв момент не знаевме што се случува, мислевме дека сме направиле нешто. Пријатно се изненадивме. Сите кои го посетиле Дубровник ни кажаа дека е прекрасен, па и нам ни беше на врвот на листата на дестинации за посета. Не сме разочарани, навистина ни се допаѓа – рекла Нејла.

Бројката од милион посетители првпат е надмината на 13 октомври 2016 година.