Кандидатот на Социјалдемократската партија (СДП), Зоран Милановиќ, и актуелната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ од Хрватската демократска заедница (ХДЗ) ќе се борат за претседателското место во вториот круг на изборите.

Според обработени 96,75 отсто од гласовите, Милановиќ освоил 29,56 отсто од гласовите, Грабар-Китаровиќ – 26,75 отсто.

На трето место е независниот кандидат Мирослав Шкоро со 24,4 отсто освоени гласови.

Вториот круг ќе се одржи на 5 јануари. На изборите за претседател на државата имаше 11 кандидати, а право на глас имаат 3,9 милиони Хрвати.

Ова се седми избори за претседател од независноста на Хрватска.