Зоран Милановиќ денеска напладне и официјално стана новиот, петти по ред претседател на Хрватска, откако ја даде свечената заклетва и се обврза дека функцијата ќе ја врши совесно и одговорно. Милановиќ заклетвата ја даде на церемонија на Пантовчак, во присуство на семејство, поранешната претседателка Колинда Грабат-Китаровиќ, премиерот Пленковиќ и претседателот на Собранието.

Милановиќ во својот говор рече дека за време на мандатот ќе работи на обединување на цела Хрватска и дека ќе гради добри односи пред сѐ со соседните држави. Тој се осврна и на потребата за унапредувањето на демократијата

– Независноста на медиумите, судството и научната јавност е од клучно значење во борбата против тиранијата. Наша цел е ниеден граѓанин да не се чувствува исклучен од општеството – рече Милановиќ.