Два брода кои превезувале мигранти и бегалци од различна националност, се вкотвиле денеска на брегот на грчкиот остров Лезбос. Во едниот брод имало 20 мигранти, а во другиот 38 лица.

Вкупно 98 мигранти и бегалци пристигнале во Лезбос од почетокот на јули, јави АНА. Екипата на грчката Национална организација за јавно здравје ќе ги испита мигрантите и бегалците кои пристигнале денес, а тие потоа ќе бидат пренесени во карантински објект на северот на Лезбос.