Грчките власти утрово започнаа преместување на околу 1.500 бегалци и мигранти од градот Митилини на островот Лезбос.

Според агенцијата АНА, 640 лица биле испратени во Солун со бродот „Калдера Виста“.

Другите ќе го напуштат островот напладне, а нивната дестинација е бегалски камп во Неа Кавала.