„Албанија е на последното место во Европа според владеењето на правото“, предупреди албанскиот претседател Илир Мета, како реакција на извештајот за индексот за владеење на правото.
– Извештаите од престижните меѓународни организации потврдуваат дека од година на година владеењето на правото во Албанија значително се влошува. индексот за владеење на правото во 2021 г., подготвен од Светскиот проект за правда, е показател за реалната состојба во земјата и силен „повик“ за размислување и преземање акција за борба против корупцијата и овозможување ефикасна и непристрасна правда за сите – наведе Мета.
Тој додаде дека овој извештај го мери начинот на владеење на правото, колку е независно судството, колку добро работат ревизорските агенции и колку овие тела се независни, дали службениците се казнуваат за прекршоци, дали медиумите се независни, дали функционерите се избираат според правилата и процедурите предвидени со Уставот.