Западен Балкан мора да стане дел од Европската унија во разумен временски рок и ние се обврзуваме дека ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите партнери во регионот, изјави романскиот министер за надворешни работио Теодор Мелешкану.

Во изјава за „Побједа“ вели дека кога станува збор за надворешната европска димензија, романски приоритет за време на претседавањето со Советот на ЕУ ќе го вклучи Западен Балкан, источните соседи, безбедноста и одбраната и улогата на Еу во мултилатерализмот.

– Веруваме дека глобалното влијание на ЕУ почнува со нејзина засилена улога во соседството, вели романскиот шеф на дипломатијата. Поради тоа, Романија ќе продолжи да дава големо значење на процесот за проширување и понатамошно промовирање на ангажманот на ЕУ во регионот.

Од 1 јануари идната година Романија презема претседавање со Советот на ЕУ.