Мариканско момче го извлекло подебелиот крај во тепачката на двајца мигранти кога бил прободен со џебен нож по што му била укажана лекарска помош во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.

Инцидентот се случил во саботата.

По укажаната медицинска помош, момчето било пуштено од болница, а инцидентот е карактеризиран како кривично дело нанесување тешки телесни повреди.

Увид на местото на инцидентот направиле службениците на полициската управа во Тузла, а истрагата продолжува.