Нинослав Јовановиќ, попознат како Малчански бербер, е осуден на доживотен затвор за злоупотреба на малолетно девојче од Брзи Брод. Пресудата е првостепена и е донесена во Високиот суд кратко по 11 часот, во присуство на семејството на повредената малолетничка, како и бројни новинари. Јовановиќ не беше на судењето.

Јовановиќ не присуствуваше на изрекувањето на пресудата.

Постапката против Јовановиќ (46), попознат како Малчански бербер затоа што им ја потстрижувал косата на своите жртви, била затворена за јавноста поради заштита на интересите на малолетничката.

Вишото јавно обвинителство во Ниш на крајот на март минатата година поднесе обвинение против Јовановиќ, но поради заштитата на интересите на малолетната жртва во овој случај, не беше соопштено правно квалификување на кривичното дело за кое тој се товари. Истрагата против Јовановиќ е спроведена поради кривични дела киднапирање и силување на дете, за што се заканува затворска казна од десет години до доживотен затвор.

Јовановиќ веќе двапати беше затворен за силување, киднапирање и злоупотреба, еднаш 10 години и втор пат 12 години. Тој ја киднапираше последната жртва на 20 декември 2019 година, на пат кон училиште. Тој се криеше со неа во напуштени куќи и викендички на потегот од Ниш до Књажевац. Девојчето беше пронајдено на 28 декември 2019 година во Пасјача, во близина на Ниш, по потера во која учествуваа припадници на Министерството за внатрешни работи и на Армијата на Србија, жандармеријата и бројни здруженија на граѓани, ловци и планинари. Седум дена подоцна, Јовановиќ беше фатен на селските гробишта во неговото родно село Малча.