Припадници на Министерството за внатрешни работи во Нови Пазар од одделението за криминалистичка полиција, денес го уапсиле лицето П.Д. под сомнение дека на момче и девојче од 3 и 6 години им дал опојна дрога екстази, објави денес порталот „Индексонлајн.рс“.

Како што е соопштено од овој портал, станува збор за децата на бртот на лицето П.Д.

По употребата на дрогата, двете мали деца не се чувствувале добро и итно биле примени во Здравствениот центар во Нови Пазар.

Според сè уште непотврдени информации, малите деца се во стабилна здравствена состојба, објави порталот.

На осомничениот П.Д. му е одредена мерка задржување до 48 часа по што со кривична пријава ќе биде приведен од повисокото јавно обвинителство во Нови Пазар.