Луѓето низ целиот регион жалат за смртта на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, а неговото заминување особено ги погоди граѓаните на Нови Сад, градот во кој е роден Балашевиќ.

Како што соопшти Нова.рс, по објавувањето на веста за смртта на Балашевиќ, луѓето плачеле со неверување по улиците на градот.

– Значи, тоа е вистина. Се надевав дека се лажни вести и излегов да проверам со моите колеги. Како да починал некој мој, не знам како да опишам – вели расплакана работничка од бутук од Нови Сад.

Медиумите пренесуваат дека повеќето кафулиња во градот спонтано почнале да ги пуштаат песните на Балашевиќ.

– Не можам да кажам дека бев обожавател, но луѓе, ова некако многу ме погоди … Сепак, тоа е Џоле – рече еден келнер.

Граѓаните на Нови Сад спонтано се упатија кон центарот на градот, каде што е куќата на Балашевиќ, со цел да запалат свеќи и да му оддадат почит на својот сограѓанин, човек кој беше симбол на Нови Сад, пренесува Нова.рс.