Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак ја повика Приштина да ги укине таксите на српските производи и истакна дека реалноста е оти Косово не е признаено од пет земји членки на Европската Унија.

Лајчак во Хелсинки, пристигнувајќи на министерскиот состанок за надворешни работи помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, одговарајќи на новинарски прашања за позицијата на Косово во процесот на евроинтеграциите, потсети на фактичката состојба.

– Кај Косово е проблем што не е признаено од страна на пет земји членки на ЕУ. Тоа е реалноста на Косово – изјави Лајчак.

На прашањето дали гледа можност за промена на таквата состојба, шефот на дипломатијата на Словачка, која е една од земјите кои ја немаат признаено косовската независност, одговори што би сакал да види во Косово.

– Првата промена што сакам да ја видам е позитивен развој на настаните, почнувајќи од укинувањето на таксите – заклучи Лајчак.