Советот на Европа го назначи Мирослав Лајчак за специјален претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина и за други регионални прашања во Западен Балкан, пренесува „Вечерње новости“.

– Задачите на специјалниот претставник на ЕУ ќе бидат постигнување сеопфатна нормализација на односите меѓу Србија и Косово и подобрување на добрососедските односи и помирување меѓу партнерите на Западен Балкан – се наведува во соопштението на Советот на Европа.

Во Брисел нагласуваат дека примарна задача на новиот специјален претставник на ЕУ ќе биде работата на продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Лајчак ќе работи на надминување на наследството од минатото и на доследност и ефикасност во дејствувањето на ЕУ на Западен Балкан.

Лајчак веднаш ќе ги преземе своите должности со почетен мандат од 12 месеци.