Хрватска минатата година поради миграција на населението остана без речиси 32.000 жители, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во 2017 година во странство се иселиле повеќе од 47.000 луѓе, додека од други држави се доселиле околу 15.000 лица.

– Во Хрватска минатата година од странство се доселиле 15.553 лица, од кои 50,9 проценти хрватски државјани и 49,1 отсто странци, додека меѓу 47.352 луѓе кои се иселиле од земјата, дури 95,8 проценти се Хрвати – наведува хрватскиот Државен завод за статистика.

Најголемиот процент од 31,8 доселени лица во Хрватска се од Босна и Херцеговина, додека 61,4 отсто од Хрватите заминале во Германија.

Меѓу тие кои ја напуштиле Хрватска најбројни се младите (48 проценти) на возраст од 20 до 39 години.