Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска разговарал со неговиот унгарски колега, Петер Сијарто, за Западен Балкан и билатералните односи меѓу двете земји, соопшти руското Министерство.

„Денеска шефот на руската дипломатија Лавров и унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто остварија телефонски разговор во кој разменија мислења за натамошниот развој на билатералните односи, како и за ситуацијата на Западен Балкан“, се наведува во соопштението, а пренесува ТАСС.

Сијарто минатиот месец објави дека неговата земја оваа година ќе ја добие потребната технологија за производство на руската вакцина „спутник в“, во фабрика која моментално се гради, а Будимпешта и Москва во септември потпишаа нов долгорочен договор за снабдување на Унгарија со гас од Русија.