Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека Западот на груб начин ги турка земјите од Балканот да станат членки на НАТО, без да се осврне на народите во тие држави.

– Западот продолжува со својата безобразна политика за вовлекување на овој регион во НАТО, притоа целосно игнорирајќи ги луѓето во овие земји, како и лекциите по историја или едноставната дипломатска љубезност – изјави Лавров на денешната конференција во Москва во чест на починатиот амбасадор на Русија во ОН, Виталиј Чуркин.

Тој, исто така, нагласи дека Русија подолг период повикува на „враќање на основните принципи на меѓународните односи запишани во Повелбата на ОН и документите на ОБСЕ, односно на суверена еднаквост на државите, немешање во внатрешните работи, воздржување од закани или употреба на сила и решавање на судирите на мирен начин“.