Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави во Љубљана дека кризата на Косово е предизвикана поради попуштањето на Западот кон властите во Приштина.

Како што пренесува „Спутник“, Лавров, по повод вчерашниот инцидент на северот од Косово, во разговор со шефот на словенечката дипломатија, Миро Церар, рекол дека кризата ја предизвикале оние кои сакаат од Балканот да направат санитарен коридор кон Русија.

-Што се однесува на настаните во Косовска Митровица, такви провокации им одговараат на оние кои сакаат од Балканот да направат санитарен коридор кон Русија-рекол Лавров.

Според него, тоа што Приштина не ги реализира претходно постигнатите договори, покажува дека ЕУ е беспомошна.

Церар оцени дека операцијата на специјалните сили на Косово, ќе има сериозни последици во односите меѓу Приштина и Белград.