Трансформирањето на Безбедносните сили во војска на Косово треба да се направи единствено преку уставни, а не законски измени. Ова за весникот „Зери“ го изјавил висок претставник на КФОР, додавајќи дека за да се стигне до војска потребна е согласност и од немнозинските етнички заедници.

– Според официјалните претставници на КФОР,  дури и кога се одлучува за трансформација на Безбедносните сили, не значи дека косовската војска веднаш ќе биде подготвена. Наместо тоа, како што велат официјалните претставници на оваа мисија, за тоа потребни се години – наведува „Зери“.

Од друга страна, премиерот Рамуш Харадинај вчера најави дека се пред постигнување политички консензус околу прашањето за војската.

Од Министертвото на безбедносните сили потврдуваат дека се завршени сите активности околу Предлог законот за армија, кој како што беше најавено требаше на владата и да и се достави на 30 април.

Во меѓувреме, експертите за воени прашања се категорични дека „Српска листа“ под никакви околности нема да гласа за уставни промени.