Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч со 11 килограми хероин. Според косовските медиуми, дрогата е пронајдена во неговиот автомобил за време на контролата на граничната полиција. Како што наведуваат медиумите, граничната полиција, користејќи кучиња за откривање дрога, успеала да ги пронајде наркотичките супстанци сокриени во автомобилот.

За време на деталната проверка на автомобилот, на местото каде што се наоѓала резервната гума полицијата пронашла 25 пакети хероин со тежина од 11 килограми. Возилото било преправано во Косово, каде што му бил направен посебен простор. Дел од хероинот бил скриен во овој простор, а остатокот внатре во резервната гума. Уапсениот со ова возило вчера тргнал од Косово, а денеска од Драч со траект сакал да замине за Италија.