Косовскиот претседател Хашим Тачи одржа вонредна прес-конференција за новинари откако премиерот Албин Курти повторно одби да се сретне со него.

Курти го одбил состанокот, кој имал за цел ускладување на државните политики, нагласувајќи дека е неопходно да се одржуваат односите со САД, пренесе „Косово oнлајн“.

Тачи му понудил на Курти три термини во кои би можел да одржат состанок, во 10, 11 и 12 часот, но Курти ја одбил неговата покана, пренесува Б92.

Тачи ја истакна важноста од стратешкото партнерство со САД и го повика премиерот Курти да донесе одлуки кои ќе бидат во интерес на Косово.

– Мислам дека приближувањето на чекорите ќе биде во интерес на Косово – оцени Тачи.

Тој на почетокот на неделата одржа одделни состаноци со лидерите на политичките партии, освен со лидерот на Самоопределување и премиерот Албин Курти, кој подоцна изјави дека е подготвен за соработка, но дека ќе се сретне со косовскиот претседател исклучиво во својство на премиер, откако ќе одржи состанок со политичките партии.