Хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстиќевиќ денеска, откако Владата ја поништи одлуката за набавка на израелски борбени авиони, изјави дека ќе започне нов процес за набавка на борбени авиони.

– Ако мене ме прашате лично за кој модел сум, тоа е платформа Ф-16. Сакам да бидат нови авиони, помалку парчиња, но мора одговорно да се однесуваме кон парите на даночните обврзници, рече Крстиќевиќ.

Тој изрази надеж дека САД, како партнер на Хрватска, ќе направат се Хрватска да ја добие најдобрата понуда.