Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас денеска најави нова офанзива околу нерешените прашања со Албанија, нагласувајќи дека нема да замине на одмор без да ги реши овие прашања.

– Набрзо ќе ги решиме проблемите со Албанија. Се наоѓаме во процес на решавање на проблемите кои постојат 70 години. Нема да одам на одмор без да ги решам – изјави Коѕијас по средбата со неговиот руски колега Сергеј Лавров во Москва.

Пренесувувајќи ја оваа вест, албанските медиуми, наведуваат дека Грците уште на 6 јуни „почнале да се радуваат“ на договорот со Албанија, со кој на Грција и се отстапуваат 12 милји од албанските територијални води во Јонско Море.