Вонредната седница за Платформата за дијалогот со Србија треба да се одржи денеска, со почеток во 9 часот , јави дописникот на МИА од Приштина.

– Седницата е закажана за во 9 часот на барање на премиерот – изјави претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели, информирајќи дека за 10 часот е предвидено продолжени на редовната собраниска седница.

Платформата за продолжување на преговорите со Србија ја изготви преговарачкиот тим формиран од Собранието, а со кој раководат вицепремиерот и лидер на партијата Социјалдемократска иницијатива (Нисма), Фатмир Лимај и градоначалникот на Приштина и лидер на Социјалдемократската партија (ПСД), Шпенд Ахмети.

Лимај изјави дека очекува таа да биде изгласана од пратениците, со што, како што рече, „Косово ќе има официјален став за дијалогот со Србија“.