Косовското Собрание во средата донесе резолуција со која се бара отстранување на контролите од граничните премини со Албанија. Меѓутоа, според познавачите на евро-интеграциите, оваа резолуција е во спротивност со препораките на на Европската комисија за двојни гранични контроли, дадена во 2015-та во рамките на процесот за визна либерализација.

Весникот „Зери“, објави денеска дека токму во времето кога земјата е се поблиску до одлуката за укинување на визите, Собранието на Косово усвојува резолуција која е спротивна на препораките на експертите од Европската унија.

Сепак, тврдат експертите, и оваа, како и резолуцијата за укинување на роамингот со Албанија, усвоена истиот ден, ќе ја доживее судбината на поранешните резолуции на Собранието, односно – нема да се примени.