Косовскиот министер за труд и социјала, Скендер Речица, во име на Владата дека поднесе бараање до Собранието за повлекување на Платформата за дијалог за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, јавува дописникот на МИА од Приштина.

– Од името на премиерот Рамуш Харадинај барам разбирање за да се симне од дневен ред платформата за финализирање на дијалогот меѓу Косово и Србија за нормализирање на односите меѓу двете земји, процесуирана на 23. април 2018., со цел да се даде време за градење поширок нацинален консензус и за понатамошни консултации.

Потпретседателот на Собранието Џавит Халити изјави дека тоа е право на предлагачот, иако се очекувало денеска да се води расправа по тоа прашање.

Повлекувањето на платформата уследи откако стана јасно дека мнозинството пратеници во Собранието се против предлогот на Владата на Харадинај, на чело на преговарачкиот тим да биде претседателот Хашим Тачи.

На денешната седница пратеникот на Српска листа Славко Симиќ побара повлекување од дневен ред и на нацрт-законот за верски слободи, заради дополнителни консултации. И тоа барање беше прифатено со мнозинство гласови.