Косовското Министерство за надворешни работи ги повика сите граѓани кои живеат во Косово и вон границите, привремено да избегнуваат да патуваат низ Србија или да внимаваат доколку сепак мора да патуваат низ Србија.

Повикот, како што се наведува, следи како резултат на „апсењата на косовски граѓани“, се наведува во соопштението на косовското министерство, пренесе новинската агенција „Онаса“.

Косовското министерство наведе дека Србија повеќе не гарантира минимална сигурност за физичкиот и правен интегритет на граѓаните на Косово и членовите на нивните семејства.