Министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли објави денеска дека е утврдена агендата на Самитот на Интерпол кој започна денеска во Дубаи и дека за барањето на Косово за зачленување во Организацијате ќе се гласа во вторник, на 20 ноември.

Шефот на косовската дипломатија преку својата страница на Фејсбук изрази оптимизам дека неговата земја ќе биде примена во светската полициска Организација.

– Почеток кој ветува. Потврдена е агендата на самитот на Интерпол и ставена е на дневен ред точката во која Косово аплицира за зачленување. Борбата против меѓународниот организиран криминал и тероризмот е наша цел. Гласањето е во вторник – напиша Пацоли на Фејсбук.

За да биде примено во Интерпол за Косово треба да гласаат две третини од членките на Организацијата.

На самитот на Организацијата во Обединетите Арапски Емирати денеска ќе се избира нов претседател, откако досегашниот претседател Менг Хонгвеи во септември годинава беше упасен во Кина поради обвиненија за корупција во времето додека бил заменик министер за јавна безбедност на таа земја.