Косово од денеска има своја Амбасада во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати.

На свеченоста на отворањето на Амбасадата присуствуваа косовскиот претседател Хашим Тачи и првиот потпретседател на Владата и шеф на дипломатијата Беџет Пацоли.

Пацоли во објава на Фејсбук наведува дека ОАЕ е прва арапска држава која ја признала независноста на Косово.

– Денеска е отворена Амбасада на Косово во ОАЕ, во Абу Даби. На сечењето на лентата присуствуваа претседателот на Република Косово, како и претставници на Владата на ОАЕ, држава која е голема економска сила, напиша Пацоли.

Тој во објавата додава и дека ОАЕ освен што го признале Косово и економски го помогнале.

– ОАЕ е првата арапска земја која го призна Косово. Држава која учествуваше во постконфликтните активности во Косово, а во еден период беше дел од КФОР. ОАЕ изградија потребна инфраструктура во Кукс (град во северна Албанија), со цел да им се помогне на бегалците, наведе Пацоли.

Тој посочува дека оваа држава помагала и продолжува да го помага Косово и на економски план, градејќи. училишта и болници, а реновирала и верски објекти.