Во Хрватска починаа 42 лица, 2.543 новоинфицирани

Во Хрватска се регистрирани 2.543 новоинфицирани лица, а 42 лица починаа од ковид-19. Според тамошните медиуми, има 15.678 активни случаи на коронавирус. Во земјата има 1.396 пациенти на болничко лекување, од кои 145 пациенти се на апарати за дишење.


Во Србија 2.112 нови случаи, починаа 10 лица

Во Србија се регистрирани 2.112 новоинфицирани со коронавирус. Десет лица починаа во последните 24 часа.Биле тестирани 8,299 лица. Во моментов има 106 пациенти на апарати за дишење.

Министерот за здравство Златибор Лончар вели дека е најлоша епидемиолошката ситуација во Белград каде од вкупниот број на новозаразени се регистирани 50 отсто од случаите – 1.057.

Во Нови Сад во изминатите 24 часа се регистрирани 132 новозаразени.


Во Словенија 889 заразени, починале 34 лица

Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 889 нови инфекции со коронавирус од 3.918 тестови, објави словенечката влада.

Ова е помал број на новозаразени во споредба со претходниот ден кога беа потврдени 1.612 нови случаи со 6.340 тестови.

„Бројот на тестови беше помал, но може да се види дека мерките функционираат“, напиша владиниот портпарол за Ковид-19 Јелко Кацин на „Твитер“, изразувајќи оптимизам дека епидемијата се смирува бидејќи бројот на нови инфекции се намалил на помалку од 1.000 по втор пат во рок од една недела.

Со заразените од последните 24 часа, бројот на потврдени инфекции во Словенија е зголемен на 45.160 од почетокот на епидемијата, од кои 22.167 се активни, а бројот на инфекции во последните 14 дена на 100.000 жители е 1.058, соопшти Министерството за здравство.

Според новите податоци, сега во болниците има 1.084 пациенти со ковид-19, што е за 27 повеќе од претходниот ден, а во единиците за интензивна нега има 174 пациенти, пет повеќе отколку во саботата.

Според податоците објавени утрово на веб-страницата на Министерството за здравство, во последните 24 часа починале 34 лица, најмногу досега, така што вкупниот број на починати се искачи на 531.


730 новозаразени на Косово, 11 лица починаа

Во последните 24 часа се регистрирани 730 нови случаи на коронавирус на Косово, а 11 лица починаа како резултат на ковид-19. Со тоа бројот на смртни случаи се зголеми на 755, објави Националниот институт за јавно здравје.

Вкупниот број на заразени лица од почетокот на епидемијата на Косово е 24.155, а излечени се 16.122 лица.Во моментов има 7.278 активни случаи на коронавирус во Косово.


Повеќе од половина од тестираните се позитивни во Црна Гора

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 426 новоинфицирани со коронавирус, врз основа на анализа на 840 примероци, што е повеќе од половина од испитаните. Тоа е пораст во споредба со вчерашниот број на новоинфицирани, кој беше 300.

Четири смртни случаи поврзани со ковид-19 биле пријавени во Институтот за јавно здравје, објави „Вијести“.

Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус од почетокот на јуни е 328, а од почетокот на годината 337.

Во последните 24 часа, пријавено е дека оздравеле 349 пациенти. Земајќи ги предвид сите новооткриени случаи, како и бројот на оздравени во изминатите 24 часа, вкупниот број на моментално активни случаи на ковид-19 во Црна Гора е 6.575. Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со коронавирус е 22.805.