Владата на Бугарија, поради коронавирусот, ги забрани сите јавни собири, меѓу кои се и спортските натпревари. Иста одлука донесе и владата на Романија.

– Нема место за паника, но не сакаме да дозволиме 400 или 500 луѓе да бидат два до три часа во затворен простор. Тогаш ризикот е голем – рекол министерот за култура на Бугарија Боил Банов.

– Доколку светот тргне во оваа насока убеден сум дека ќе бидат одложени и Олимписките игри – рекол премиерот Бојко Борисов.

Случаи на заболени од коронавирусот досега пријавиле повеќе од 100 држави.