Фото: Википедија

Лидерите на четирите преговарачки партии ставија потпис на коалицискиот договор за формирање влада со мандат на „Продолжуваме со промените“, по тринеделни преговори, како што јави МИА.

Коалицискиот договор е потпишан, изјавија Кирил Петков и Асен Василев, копретседателите на „Промените продолжуваат“.

Спогодбата ја потпишаа лидерката на БСП Корнелија Нинова, копретседавачите на Демократска Бугарија Христо Иванов и Атанас Атанасов и лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов, кој тоа го стори во неговата партиска канцеларија.

Претседателот Румен Радев в сабота ќе го додели мандатот за формирање влада на Бугарија.